По неа лудува цел свет, а таа од 17 години е со истиот маж: Бразилката се соблече во жолто бикини и ги распамети сите

Модната блогерка и една од најубавите жени на светот со потекло од Бразил, Камила Коелјо, била фотографирана на плажа во Малибу во жолто бикини и со својот секси изглед ги распамети машките обожаватели ширум светот.

Убавицата била фотографирана додека играла одбојка со ангелот на Викторија Сикрет, Алесандра Амбросио, а во таа прилика покажала дека е во одлична форма. 

Камила го истакнала совршено рамниот стомак и стомачните мускули, а сите присутни на плажата гледале во нејзиниот задник и совршено обликуваните нозе.

Камила и Алесандра не ги тргале насмевките од своите лица и потполно уживале во спортот на песок.

Инаку Камила од својата 17-та година е со Икарo Бренер за кој велат дека не е за неа, според физичкиот изглед, но таа не обрнува внимание на таквите злобни коментари и често истакнува колку го сака својот партнер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега