Почина „највалканиот човек во светот“: Од страв да не се разболи, се немаше искапено 60 години
Иранецот Аму Хаџи, кого го нарекуваа „највалканиот човек во светот“, почина на 94-годишна возраст. Непопуларната титула ја доби бидејќи се немаше искапено цели 60 години.
Хаџи се немаше искапено повеќе од половина од својот живот, одлука што му ја наметнал стравот дека ако се искапи ќе се разболи. Меѓутоа, непосредно пред неговата смрт, мештаните од неговото село наводно го принудиле да се искапи.
Иранецот имал аверзија кон сапун и вода, па дури рекол дека ја мрази самата помисла да се бања.Хаџи го избрал овој ексцентричен начин на живот откако во младоста доживеал „емоционални сломови“, по што се оградил од сите. Поголемиот дел од својот живот го поминал во селото Дејгах, во провинцијата Фарс во Иран. Загрижените мештани таму му изградиле колиба од тули, гледајќи дека спие на отворено.
За неговиот живот во 2013 година беше снимен краток документарен филм „Чудниот живот на Аму Хаџи“, но спорно е дали тој навистина го држи светскиот рекорд за најдолго време поминато без капење.
За овој рекорд се пријавија уште неколку луѓе. Познато е и кој би можел да го наследи Хаџи, а тоа е Индиецот Каилаш Синг кој во знак на протест се нема искапено повеќе од 30 години.
#Mundo Un iraní conocido como el “hombre más sucio del mundo” por no haberse duchado en décadas, falleció a sus 94 años.#AmouHaji murió en el pueblo de Dejgag, en la provincia de Fars (Sur de Irán). El hombre evitaba bañarse por miedo a enfermarse pic.twitter.com/yRELrNU9Sd
— Diario Presente (@DiarioPresente) October 25, 2022
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа