Почина натпреварувач на шоуто „Никогаш не е доцна“: На сцената бил без подршка

 

Фарук Кариќ од Мостар, кој се натпреваруваше во шоуто „Никогаш не е доцна“, почина на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Веста за смртта на пејачот ја потврдија неговите поранешни соборци од натпреварувањето за ветерани, како и победникот Ромео Николиќ, кој бил долгогодишен пријател со Фарук. Зад себе ги остави сопругата Сретенка и синот Сретен, а бил погребан во родниот град.

На сцената се појави во 2018 година, со желба да остави малку сеќавање зад себе. Често спомнуваше дека музиката му е во крвта, бидејќи во неговото семејство успешно свиреле и пееле многу членови. Микрофонот првпат го користел во 1974 година, но никогаш не пеел професионално и за тоа се обвинува себеси, но и начинот на кој живеел во младоста.

Од 1992 година живеел и работел во Германија, а потоа 20 години во Америка. Бил таксист, водел маркет, работел и во фирма, објавија српските медиуми, а во родниот град се вратил дури по пензионирањето.

Кога дошол на натпреварот имал 62 години. Тогаш немал подршка од неговото семејство.

– Фарук не сакаше да каже дека е болен вечерва, исто како и неговата сопруга која не можеше да дојде. Неговиот син е во Америка, па не можеше да стигне на снимањето, изјави Жика Јакшиќ во една прилика, за време на првиот круг.

Потоа, имаше голем гест кон Калиопе, од судиското столче.

– Ќе бидам твоја поддршка вечерва од Скопје, му рече таа со насмевка, што публиката го поздрави со громогласен аплауз.

17.10.2022 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега