Полицајци го опколиле автомобилот на Косовец кај Блаце: Не сакал да запре, па удрил во полициско возило

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против еден државјанин на Република Косово за кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.

Обвинетиот, како што соопшти Јавното обвинителство, на 2 април, управувал патничко моторно возило Ауди А4 со косовски регистарски ознаки кај граничниот премин Блаце, во насока од Косово кон земјава. Кога пристигнал до полициската станица на граничниот премин, не застанал на даден знак од полицискиот службеник за да го престрои возилото за пасошка контрола, не застанал ниту кај кабината на Царинската управа и продолжил да вози.

Полицискиот службеник излегол од станицата и издал усна наредба за запирање на возилото, по што двајца полициски службеници со службено возило се упатиле да го запрат. Го престигнале на четири километри од граничниот премин, му дале светлосна и звучна сигнализација да застане, но обвинетиот продолжил со голема брзина да вози по магистралниот пат кон Скопје.

Полициските службеници го заобиколиле возилото за да го принудат да запре, но во тој момент обвинетиот, во обид да побегне, директно удрил во полицискиот автомобил. Од ударот, двајцата полициски службеници се здобиле со телесни повреди. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2021 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега