Полицијата изврши претрес на автомобил поврзан со истрагата за бегството на Мијалков

Пред полициската станица во Кисела Вода вечерва бил извршен претрес на автомобил марка „Голф“ кој како што информира ТВ21 е во сопственост на обезбедувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој според обвинителството веќе ја напуштил државата.

При претресот биле одземени неколку Ајфон мобилни телефони, актовки со документи, а откако завршил претресот повторно продолжил распитот во полициската станица.

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, од вчера попладне е недостапен, и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на Обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2021 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега