Полицијата изврши претрес во домот на струмичанец - пронајдена марихуана и вага

 


Вчера во 23.15 часот во село Иловица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М(34) од село Иловица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот, против Т.М ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
29.11.2024 - 11:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа