Полицијата казни 196 возачи во Скопје, 106 за брзо возење

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, 12 за возење под дејство на алкохол, четири мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

14.08.2022 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега