Полицијата казни 212 возачи во Скопје, 76 за брзо возење

 Министерството за внатрешни работи вчера на територија на град Скопје изрече 212 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 76 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест за возење под дејство на алкохол, осум мерки за нерегистрирани возила…, информираат утрово од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

13.08.2022 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега