Полицијата казни 295 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 295 возачи. 

„Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 194 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 101 надвор од населено место“, информираат од МВР.

 

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. 

14.08.2022 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега