Полициски час од недела до вторник?

 

Министрите на седница на Влада во попладневните часови ќе одлучуваат за полицискиот час за претстојниот празничен продолжен викенд. Според најавите седницата е закажана за во 17:00 часот.

 

Неофицијалните информации говорат дека најверојатно утре полицискиот час ќе остане по старо, односно ќе почне од 19:00 и ќе трае до недела 05:00 изутрина. Во недела, пак, полицискиот час ќе почне во 14:00 и ќе трае сѐ до вторник во 05:00.

 

Доколку Владата донесе ваква одлука, ова ќе биде првпат од воведувањето на вонредната состојба министрите да не ја послушаат Комисијата за заразни болести. Таа завчера побара да се воведе целосен карантин кој би започнал утре во 19:00 часот и би траел до 05:00 часот во вторник.

 

Без разлика на владината одлука, Исламската верска заедница веќе соопшти дека муслиманските обреди за време на големиот празник Рамазан Бајрам ќе се одржуваат.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега