Пожар избувнал во Визбегово - две лица се здобиле со повреди, реагирала Противпожарната единица

 

Две лица се здобиле со повреди откако избувнал пожар во село Визбегово, информира МВР.

-Во СВР Скопје вчера било пријавено дека настанал пожар во село Визбегово, скопско, во близина на Прифатниот центар, со кој била зафатена поголема површина со стрниште, при што две лица кои се нашле во близина се здобиле со повреди и ним им била укажана лекарска помош. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.07.2020 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега