Прегазен пензионер во Штип - итно однесен во болница

Пензионер се здобил со тешки телесни повреди откако бил прегазен од автомобил во Штип.

-На 21.10.2020 во 09:50 часот било пријавено дека во Штип, на крстосницата на улиците „Партизанска“ и „Сремски фронт“, патничко возило „цитроен ц3“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од Штип, удрило во пешакот Б.Д.(81) од Штип. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега