Прегазена жена во Бутел - возачот избегал од местото на настанот

Жена со тешки телесни повреди е пренесена во болница по удар од автомобил.

Според информациите од полицијата, пред два дена на крстосницата од булеварот Христијан Тодоровски Карпош и улицата Ферид Бајрам во Скопје, патничко возило „бмв“, удрило во пешакот З.Ш.У.(55) од Косово, со живеалиште во Скопје, по што го напуштил местото на незгодата.

„На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

22.07.2021 - 12:48
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега