Преполн автобус на ЈСП: Дистанца - слабо! (ФОТО)

Преполн автобус во кој немам место за дистанца. Ваква е фотографијата објавена на социјалните мрежи во која се вели дека мерката ограничен број на патници во јавен превоз предизвикува нов кластер.

Имено фотографијата е направена вчера во автобус бр. 24 во Скопје.

„Ова е автобус бр. 24 во Скопје вчера! Дистанца - слабо! Но не се луѓето виновни кога немаат избор, нема почест возен ред за да се распределат, а нема ни понуда на друг превоз како алтернатива! Замислете Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë да поддржи обележување на брзи велосипедски ленти спроведени во мрежа од 200-500 метри на секоја улица каде што има услови, за велосипедските врски да бидат достапни на разумно растојание до сечиј дом и работно место. Брз #ПросторАнтиКорона!“ стои во објавата.

„Ова може да де реши единствено со купување на голема флота на автобуси, кој ке може да вртат на кратки интервали. Неможе со 30-тина нови автобуси, туку да се дуплира флотата!“ гласи еден од коментарите.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2021 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега