Претреси во Синѓелиќ- запленети пиштоли и куршуми

 

 

Претреси во Синѓелиќ при што се запленети пиштоли и куршуми и приведени се две лица.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје на 22.10.2020, по добиена судска наредба, извршија претрес во два објекти во населба Синѓелиќ.

При претрес во домот на К.И. пронајден е пиштол со една рамка и два куршуми, а при претрес на возило „голф“, кај М.И., пронајден е пиштол со една рамка и 14 куршуми. Во врска со овој случај приведени се А.И. и Б.И. и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега