Претседателот Пендаровски денеска ќе ги посети Пустец и Подградец
Претседателот Стево Пендаровски со сопругата, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Албанија, во општините Пустец и Подградец.
Пендаровски во Пустец ќе се сретне со неговиот албански колега Бајрам Бегај и градоначалникот Пали Колефски.
Предвидена е културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец. Потоа претседателот ќе се сретне со локалните власти и ќе ги посети црквата Св.„Архангел Михаил“ и училиштето во оваа општина.
Пендаровски ќе го посети и селото Голомбок и ќе се сретне со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, по што заминува за Подградец каде исто така ќе има средба со локалните власти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа