Пријавил бомби на неколку места во Охрид - уапсен ресенчанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.И.(46) од  селото Горно Крушје, ресенско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела  „загрозување на сигурноста“ и  „лажно пријавување на кривично дело“, а надлежен судија му одреди мерка притвор.

Како што информира МВР, пријавениот, во два наврата во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе смс-пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид. 

22.07.2021 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега