Прилепчани се скарале за сопругата на едниот: Со кола заминале во с. Дабница, сопругот го претепал пријавителот, го врзал и му ги одзел парите

Вчера во ОВР Прилеп Е.А.(37) од Прилеп пријавил дека со Е.Б., со кого од претходно се познавале, со патничко возило „даеву“, кое тој го управувал, заедно дошле до „Маркови кули“.

Според пријавеното, Е.Б. физички го нападнал со употреба на метален предмет, а потоа го однел кај местото познато како „Германска чешма“, кај с.Дабница каде што повторно физички го нападнал, а потоа го врзал, му одзел пари и заминал. Според пријавеното, на нападите им претходела расправија во врска со сопругата на Е.Б..

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

10.07.2024 - 16:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега