Пристигнаа првите резултати од тестовите на „Модерна“: Вакцината е ефикасна и против новите мутации на коронавирусот

Вакцината на „Модерна“ против коронавирусот делува против новите мутации на вирусот кои се појавија во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научниците од оваа фармацевтска компанија, пренесува британски „БиБиСи“.

Лабораториските тестови сугерирале дека антителата кои се создале како резултат на вакцината, ги препознаваат и се борат против новите мутации на коронавирусот.

Сепак, потребно е да бидат извршени повеќе студии за да се докаже дека тоа е вистина, посебно за луѓето кои се веќе вакцинирани.

Новите мутации на коронавирусот се шират брзо во бројни земји ширум светот, односно вирусот има мутирано и сега е позаразен од изворната верзија на коронавирусот. Според научниците, новата мутација која се појави во Велика Британија во септември, можеби е и до 70% позаразна од изворната.

Моменталните вакцини се дизајнирани според претходните верзии на вирусот, но научниците уверуваат дека тие се ефикасни и против најновите мутации на коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2021 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега