Пристигнаа уште двајца повредени од автобуската несреќа на автопатот „Струма“

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ доцна попладнево пристигнаа уште двајца од повредените пациенти во страшната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани.

Пациентите биле во стабилна состојба за време на транспоротот и немало потреба од лекарски интервенции. Пациентите се хоспитализирани на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Претходно денеска пристигна уште една пациентка во Скопје. Во саботата пристигнаа првите двајца пациенти кои се лекуваа во софиската Клиничка болница „Пирогов“.

29.11.2021 - 17:18
Фото: 
Сител

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа