Приведен дилер на хероин во Кичево

Полицијата приведе 39-годишен дилер на  хероин во Кичево.

Според информациите на МВР, денеска во 15:30 часот на ул. Нико Пушоски во Кичево полициски службеници го привеле З.Б.(39) од Кичево, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени  44 пакувања хероин.

Лицето е приведено во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МАКФАКС

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2021 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа