Приведен скопјанец по распишана централна потерница

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода С.И.(30) од Скопје.

-За него била издадена централна потерница со која се барал за издржување на изречена мерка притвор поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, превидено и казниво по чл. 215 ст.1 од Кривичниот законик, информира МВР.

 

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката.

14.08.2022 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега