Приведени скопјанец и охриѓанец - продавале амфетамин

Во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволената трговија со наркотични дроги, од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога  оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија од слобода вчера се лишени Т.Т.(32) од Скопје и А.Н.(30) од Охрид.

При преглед извршен над нив, полициски службеници кај секого од нив пронашле и одзеле амфетамини.

За настанот е известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а лицата се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.

13.06.2021 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа