Продолжува да расте бројот на инфицирани во Албанија

Нови 93 случаи, шестмина  оздравени и четворица починати, е билансот од последното деноноќие за состојбата со Ковид-19 во Албанија.

 

– Од направените 420 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 93 од нив, што е највисока бројка од појавата на панедмијата на почетокот на март, од кога се направени 31.933 тестови. Вкупната бројка на заразени се зголеми на 3.371 лице, битката со опасниот непијател ја добија 1.881, ја изгубија 89,  а активни на болеста се 1.401лице,се наведува во соопштението на албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Во Лабораторијата за вирологија при Интитутот за јавно здравје може да се прават до 500 тестови дневно, поради тоа, Министерството за здравство најави дека деновиве ќе почне со работа нова лабораторија со капацитет од над илјада тестови дневно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега