Пронајдена дрога и оружје во угостителски објекти во Битола, приведени се 10 лица

 

Полициските службеници од СВР Битола, заедно со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за специјални полициски операции синоќа извршија акциска контрола во угостителски објект на улицата Македонска Фаланга” во Битола, при што констатирале повеќе прекршоци.

Како што соопштија од МВР, при контролата констатирани се прекршоци од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, Законот за лична карта, Законот за оружје и Кривичниот законик, а во врска со неовластено производство и пуштање на дрога и психотропни супстанци.

Од страна на полициски службеници биле лишени од слобода Љ.Н.(36) од САД со привремен престој во Прилеп, И.Т.(22) од Скопје и Г.С.(24) од Прилеп, бидејќи кај нив е  пронајдена и одземена прашкаста материја. Тие се приведени во полициска станица Битола и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од слобода се лишени и И.Ј.(38) и Х.К.(24) од Битола, поради тоа што кај нив биле најдени нож и боксирач, со што постапиле спротивно на Законот за оружје, како и П.Ѓ.(24) од Битола, кој го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот против тројцата ќе следува соодветна пријава.  

Како што информираат од МВР, согласно планот Безбедно лето 2022“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за униформирана полиција, СВР Битола-ОВР Прилеп во содејство со Управата за јавни приходиДржавниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат вчеравечер извршија акциска контрола и на подрачјето на Прилепсо која беа опфатени повеќе угостителски објекти.

При контролите од слобода се лишени М.Г.(18) и И.М.Т.(28), бидејќи при преглед кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана, а кај И.М.Т. прашкаста материја. Во угостителскиот објект на ул„Орде Тутески“ во Прилеп синоќа биле затекнати и приведени двајца малолетници, кои биле предадени на родителите против кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во угостителските објекти констатирани се и низа неправилности од страна на инспекторатите – неиздавање фискални сметки, непријавени работници, немање дозвола за работа на тераси во објектите и друго, за што ќе бидат изречени глоби.

Исто така, како што се наведува во соопштението на МВР, во текот на изминатата вечер беше спроведена и акциска контрола на територијата на Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се шест возачи кои управувале возило под дејство на алкохолшест за возење без возачка дозвола, еден за измината важност на возачката дозвола и еден за возење без дозвола. При контролата констатирани се и четири останати прекршоци, а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

14.08.2022 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега