Протест на ивент индустријата пред Владата - бараат грантови за да преживеат

Компаниите од индустријата за организација на настани денеска протестираат пред Владата со барање да се најде решение за состојбата на овој сектор којшто поради пандемијата и ограничувањата за работа бележи пад од 62 проценти.

Од Асоцијација на компании од индустријата за организации на настани ИВАП велат дека тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании.

– Според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62 отсто за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс, нагласија од Асоцијацијата ИВАП.

Оттаму најавија дека  протестите ќе се одвиваат во континуитет, секој ден од 12:00 до 15:00 часот,  сé до постигнување, како што велат, взаемно прифатливо и одржливо решение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега