Протести за „Монструм“ - изменет сообраќајниот режим во Скопје

СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќајот на неколку улици во Скопје поради протест најавен во 13.30 часот, кој ќе почне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата. Затворени за сообраќај од 13:30 часот до завршување на протестот ќе бидат улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, соопшти МВР.

Од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2021 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега