Пукање во Мирковци, скопско - му отишле пред куќа и пукале во 40-годишниот сопственик
Четириесетгодишник од Мирковци, скопско, пријавил дека пред неговата куќа во селото дошол М.Е. со уште едно лице и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од огнено оружје испукал еден куршум кон него, но не го повредил.
Извршен бил увид од увидна екипа, а од местото била подигната една чаура за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
11.12.2024 - 16:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа