Пулмолози предупредуваат: Поради игнорирањето на овој симптом, пациентите предоцна го откриваат ракот на бели дробови

 

Пулмолозите предупредуваат дека бројот на пациенти кои не знаеле дека имаат рак на бели дробови станува загрижувачки голем…

„Сè почесто откриваме пациенти со напреднат стадиум на рак на бели дробови. Ни доаѓаат многумина што повеќе не се ни за лекување, ни за хемотерапија. Тие се во терминална, завршна фаза на болеста – речиси на смртна постела. А претходно немале поим дека имаат карцином на белите дробови. Доцна одат на лекар од страв да не се заразат од коронавирус.“

Докторите апелираат сите што се сомневаат на оваа болест врз основа на кашлица, веднаш да одат на лекар и повторуваат дека не смее да се чека.

Ракот на белите дробови е болест што се јавува во средната и, пред сè, позрелата животна доба. Најчесто заболуваат мажи постари од 50 години и повеќе од 90% од нив се пушачи. Оние што забележуваат промена во кашлицата, не смеат да ја одложуваат посетата на лекар, објаснуваат докторот и опишуваат за каква кашлица станува збор:

„Пушачите и без тоа кашлаат, бидејќи така белите дробови се обидуваат да се прочистат од сите токсини внесени со чадот од тутун, и тоа е кашлица како одбранбен механизам. Меѓутоа, треба добро да се слушате себе и да знаете дека секоја промена во кашлицата, во смисла на нејзината јачина, покажува дека нешто не е во ред. Исто така, секоја кашлица што трае подолго од три недели, не сметајќи ја акутната, која трае една-две недели, треба да биде аларм дека нешто се случува. Пациентите веднаш мора да се јават на доктор“, заклучуваат пулмолозите.

15.10.2021 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега