Путин: Евроазија е моторот на глобалниот економски развој

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека Евроазија е локомотива на глобалниот економски развој, нагласувајќи дека таму треба да се формираат мултилатерални механизми за соработка.

Во своето поздравно обраќање до учесниците на 8. Меѓународен научен и стручен форум „Читањата на Примаков“, Путин истакна дека темата на средбата – „Трансформација на светскиот поредок: евроазиската димензија“ е навистина актуелна, пренесува РИА Новости.

Според Путин, во Евроазија се забрзуваат интеграциските процеси и се формираат ефикасни механизми на мултилатерална соработка, кои играат клучна улога во формирањето на мултиполарен светски поредок заснован на принципите на еднаквост, меѓусебно почитување и ценење на легитимните меѓусебни интереси.

06.12.2022 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа