Путин лично го предупреди министерот за здравство: Подгответе се за втор бран на коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Министерството за здравство на таа земја мора да се подготви на втор бран на коронавирус, кој би можел да настапи во октомври или ноември оваа година.

Тој ја поддржа иницијативата да се почне со подготовки за повторно отворање на здравствените установи, кога ќе заврши пандемијата, пренесува ТАСС.

„Би сакал да го привлечам вниманието на нашите колеги, пред се, на министерот за здравство Михаил Мурашк, на потребата за ублажување на рестрикциите под кои живееме. Мораме да размислуваме за вториот бран, кој, според наводите на експертите, може да настапи на есен, во октомври или ноември“, рекол Путин за време на онлајн состанокот за ситуацијата во врска со коронавирусот во земјава.

Путин оценил дека ситуацијата во врска со ширењето на коронавирусот во Русија е генерално стабилизирана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега