Ребаланс на Буџетот: Годинава ќе потрошиме 1 милијарда евра повеќе од што имаме

Ребалансот на Буџетот веќе е во Собраниска процедура. И денеска тече расправата во матичната комисија за финансирање и буџет која согласно Деловникот е ограничена на 10 работни дена.

Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера објасни дека годинава буџетскиот дефицит ќе биде 8,5% што значи дека Владата ќе потроши близу милијарда евра повеќе пари од оние кои ќе ги прибере во форма на даноци и разни други приходи. Парите кои веќе фалат во економијата, Владата ќе ги обезбеди преку задолжувања и на странскиот но и на домашниот пазар со што задолженоста на земјава за прв пат во нејзината историја ќе ја пробие границата од 60% од бруто домашниот производ, што практично значи дека државата должи близу две третини од се она што ќе го произведеме и потрошиме во текот на годината. Лошата економска година според прогнозите ќе ни донесе пад на БДП од 5% а премиерот се надева дека со новите анитикризни мерки ќе можеме минусот да го одржиме на 4,4%.

Според опозицијата, ребалансот е популистички и нема да обезбеди раст на економската активност. Опозициските пратеници, своите забелешки на ребалансот ги доставија во форма на 170 амандмани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега