Реконструкција за убиството на Ангел Петковски, таткото сркшен од болка: Го носев на раце, мислев дека е во кома

По седум години од убиството на Ангел Петковски, денеска беше извршена реконструкција кај Очната клиника во Ѓорче Петров, по одлука на Основниот кривичен суд Скопје, а на барање од одбраната на обвинетиот Насер Ештрефи.

На реконструкцијата присуствуваа родителите на починатиот Ангел, обвинетиот Насер Ештрефи,  како и судијката Дијана Груевска-Илиевска.

-По барање на одбраната и по упатствата од Врховниот суд, реконструкцијата беше изведена успешно, согласно одредбите на Законот за кривична постапка. Тоа што сакам да го потенцирам е фактот што беа видени двете верзии, верзијата на одбраната и верзијата на оштетениот, односно семејството на покојниот. Судот е тој што треба да одлучи која верзија ќе биде веродостојна, изјави адвокатката на обвинетиот, Иванка Јакимовска. 

Сашо Петковски, татко на починатиот Ангел изјави дека и покрај преголемата болка тој прифатил да присуствува на реконструкцијата.  

-Тука го изгубив мојот син. На овие скали тука падна и го носев на раце до горе. Мислев дека е во кома. Загубата за мене е преголема. Светот да ми го поклонат не ми вреди колку мојот Ангел, рече Сашо Петковски, татко на Ангел.

Претходно обвинетиот Ештрефи, со одлуката на Основниот кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, што беше потврдена од скопската Апелација. Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетитот Ештрефи е вратено на повторно одлучување.

Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Едно од главните напатствија кои Врховниот суд ги даде во неговата одлука беше да има реконструкција на настанот во кој со нож беше убоден младиот Ангел Петковски.
 

Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ешрефи од скопското село Грчец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега