Ременски: Социјалдемократи ми праќаа покани да ставам „лајк“ на Сашо Мијалков, не бре дечки, на погрешна адреса праќате

Социјалдемократи ми праќаа покани и потсетувања да ставам „лајк“ на ФБ страницата на „јавната личност Сашо Мијалков“, па ми праќаа колумни од Никола Тодоров „реформаторот“, па сега ми праќаат сликички со написи од слични „реформатори“… Не бре дечки, на погрешна адреса ги праќате „воспевите за подвизите“ на тие против кои до вчера се боревме – напиша на својот ФБ профил Фросина Ремески.

Таа во објавата додава дека за разлика од тие што и праќаат такви пораки, таа се уште бори такви таквите ликови.

„Не знам за вас, но јас се борев и уште се борам против истите тие паразити – конкретно и со факти, со име и презиме, јавно и транспарентно, не со пароли.

Се’ ќе беше во ред ако со истата храброст истите вие ставевте „лајк“ на објавите за нивниот криминал за кој некој велат дека, „летала глава“.

Некако од заборав „ви летнал паметот“ – ги измешавте лончињата и приоритетите …

Од култура нема да ве наредам со име и презиме, за да го покажам вашиот придонес во борбата и за партијата.

Но, има време ќе ви текн“, напиша Ременски на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега