Ристов: Професор на УКИМ зема плата од 30.590 денари

Под просекот на државното ниво е платата на доцент, доктор на науки на УКИМ, бидејќи зема плата од 30.590 денари, изјави проф. д-р Ангел Ристов, претседател на Сојузот на синдикатите на УКИМ, во интервју за „360 степени“.

„Јас ја споменав дека платата на еден редовен професор што целиот свој живот го посветил на науката, на образованието, на младите, на идните генерации е 650 евра. Во поблиското опкружување, во Косово - 1.500 евра плата, Србија -1.800 до 2.000 евра плата, Хрватска - 2.000 евра плата, Словенија - 2.500 евра плата. Ние заостануваме далеку зад сите земји во регионот, но и зад земјите во Европа и светот“, изјави професор Ристов за „360 степени“.

Ако до петок Владата не седне на маса со Сојузот на синдикати на УКИМ, Синдикатот ќе иницира помирување пред штрајк.

 

26.09.2022 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа