Сајкоски: Делчев умре за самостојна и независна Македонија, немам прочитано дека направил нешто за бугарската држава

Денеска, како делегација на ВМРО-ДПМНЕ се поклонивме на гробот на еден од најголемите великани и борци за македонска независна и самостојна држава. Се поклонивме пред човекот кој што беше визионер и човекот кој што уште во 19-ти, 20-ти век размислуваше за автономија и за самостојна македонска држава, изјави денеска за медиумите генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

– Ние знаеме дека Гоце Делчев беше човекот со луѓето од револуционерната организација, македонската револуционерна организација кој што во секој македонски дом направи револуционерно огниште. И од тогаш започна единството, од тогаш започна борбата и резултатите дури сега се видливи дека ние имаме самостојна независна држава во овие изминати триесет години, истакна тој.

– Во однос на прашањето со Бугарија, и во однос на она за Гоце, од она што го имаме прочитано и што знаеме и анализираме во однос на Гоце Делчев, ние гледаме дека Гоце Делчев се борел за самостојна, независна Македонија. Немам прочитано и немам видено дека нешто направил за бугарската држава. Бидејќи за некој да биде револуционер на некоја држава требал да се борел и да загинел за таа држава. Гоце Делчев загинал за самостојна и автономна Македонија, посочи Сајкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега