СДСМ: ДПМНЕ тендерска удри по џебот на граѓаните, поскапува градскиот превоз и сметките за вода

„Во време на светска економска и енергетска криза, наместо помош кон граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ  удираат по џебот на граѓаните.  Поради неспособноста на градоначалникот и  директорите на општинските комунални претпријатија во Прилеп, поради масовната партизација на истите, во Прилеп сериозно поскапуваат сметките за вода и смет, како и јавниот превоз“. Овие информации се потенцирани во утринското соопштение на СДСМ испратено до медиумите, во кое е истакнато дека Советничката група на владејачката партија повеќе од 11 часови се борела да не се случи ова, но како што велат, не успеале.  
 
„Советничката група на СДСМ повеќе од 11 часа се бореше за да го заштити стандардот на граѓаните, поденсувајќи 400 амандмани, но претседателот на Советот од ВМРО-ДПМНЕ водејќи се исклучиво од партиски интереси сите ги отфрли. 
 
Мнозинството на Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ не прифати ниту повлекување на спорните точки за зголемување на цените на комуналните услуги и на јавниот градски превоз. 
 
Ете како ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните, додека глумат загриженост за економската состојба, јавните претпријатија на локално ниво ги доведуваат до колапс, за после дополнително да им наштетат на граѓаните, воведувајќи поскапи давачки во време на криза. 
 

 

По којанзае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не се грижи за граѓаните, туку дејствува единствено за партиски и бизнис интереси“, стои во партиското соопштение на СДСМ. 
28.09.2022 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега