СДСМ: Ефикасните мерки и политики на СДСМ даваат резултати

Економските политики на Владата на СДСМ даваат резултат, македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции. Оваа порака ја испраќаат утрово од владејачката СДСМ во соопштение до медиумите.
 
„Во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово ќе се изгради фабрика за производство на електрични автомобили, како прва од таков вид во нашата држава во која целосно ќе се произведува електричен автомобил.
 
Ова ќе значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на Северна Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.
Оваа мултимилионска инвестиција на германската компанија НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕе доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, што се должи на одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ“, стои во нивното соопштение.
15.08.2022 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега