СДСМ: Ковачки злоупотребува починати лица

„ВМРО-ДПМНЕ падна прениско. Ова што го прави очајниот шпицен градоначалник Христијан Мицкоски е под секое човечко, културно и политичко ниво. Не поминаа селективно фабрикуваните лаги за претседателот Ковачевски и сега Драган Ковачки оди уште пониско, злоупотребува починати лица“. Оваа порака ја испраќаат од СДСМ како реакција на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.


„Зарем за ВМРО-ДПМНЕ е нормално за политички цели да се злоупотрбува трагичната судбина на починатиот Александар Ковачевски, на кому му починаа две деца?
До толку ли ниско се паднати да немаат ниту срам ниту елементарно достоинство?

Политичката култура на СДСМ не дозволува дебатата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски мисли дека на ваков начин ќе отргне внимание од јавноста за криминалните скандали во град Скопје, за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и фактот што загуби на вонредните локални избори?“, се вели во соопштението на СДСМ.


„ВМРО-ДПМНЕ не се менува, а скандалите во Град Скопје само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана. 
Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат“, се додава во реакцијата на владејачката партија.

28.09.2022 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа