СДСМ: Мицкоски е човекот на Груевски, Мијалков и Камчев

Христијан Мицкоски не пропушта прилика да докаже дека е единствен на браникот на криминалот, реагира владејачката СДСМ на интервјуот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5.

-Мицкоски, заштитникот на криминалот има проблем што денес за разлика од времето на режимот, нема недопирливи, нема групи и поедници кои се над законите, нема однапред осудени, без разлика дали станува збор за претставници на опозицијата, на власта или било кој граѓанин. Разбирливо е, тој е човекот на Груевски, Мијалков и Камчев, подеднакво тој е дел од режимско-криминална матрица која 11 години ја злоупотребуваше  државата во партиски цели. Лажни вести, блефирања и дејствување на штета на граѓаните е се што нуди докажаниот губитник Мицкоски. Негова пуста желба е да дојде на власт со идеи за неправди и нови конфликти, но негова  сурова реалност е тоа што едвај се бори за барокната фотелја во расипничкиот дворец и тоа дека губи на секој изборен циклус. Мицкоски е поразен политичар без став, бледа сенка на Никола Груевски. Тој не донесе ништо ново во македонската политика, тој е срам за десницата во Северна Македонија, се вели во реакцијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2021 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега