СДСМ: Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, ние не сме хистеричен народ

Хистерија по сите дефиниции е карактеристика на нервно растројство. Откако призна за самиот себе си дека е хистеричен, Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, без срам и перде за хистеричен го прогласи целиот македонски народ, реагираат од владејачката СДСМ.

Според партијата, тоа воопшто не е точно и Мицкоски е најсоодветно да се извини.

- Македонците не се хистеричен народ, хистеријата е само кај губитникот Мицкоски. Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај. Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде има се помалку негови поддржувачи. Најавите за некакви блокади на државата не се ништо ново, тоа е единствената желба на губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ. Но нема да успее очајниот Мицкоски.  Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет. Мицкоски, граѓаните често те прашуваат зошто си толку деструктивен по државните и национални интереси а ти не знаеш што да одговориш. Одговорот е едноставен: Ти самиот не знаеш и не можеш да понудиш ништо, затоа што немаш став, се вели во реакцијата од СДСМ.

Според партијата, Мицкоски не го познава народот, затоа тој го казнил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2020 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега