Се разведува еден од најмоќните парови - Ана Винтур стави точка на бракот со милионерот после 16 години

Уредничката на модниот магазин „Vogue“, Ана Винтур, после 16 години брак се разведува од милионерот Шелби Брајан.

Тие важеа за еден од најмоќните парови во светот на познатите, но веќе подолго време заедно не се појавиле во јавноста, а тоа е последица на брачната криза која резултирала со развод.

Не се знае точната причина за крајот на љубовта, но странските медиуми пишуваат дека Шелби се зближил со својата поранешна сопруга Кетрин. Неа ја оставил поради Ана.

Патем, првата голема причина за кризата во нивниот однос било тоа што се открило дека Шелби Брајан на даночната служба ѝ должи дури 1,2 милиони долари. Оттогаш нивниот однос оди во надолна линија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега