Села: Ахмети се плаши да оди на локални избори без коалиции

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, во изјава за ТВ21, ја коментираше предизборната коалиција објавена синоќа меѓу ДУИ и СДСМ за локалните избори. Според Села, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се плаши од Алијанса за Албанците со тоа што не го прифатил нивниот предизвик да оди на локални избори без коалиции и без пресметување на гласовите на македонските партии, а да ги мери силите со гласовите на граѓаните.

„Али Ахмети не го прифати предизвикот да излезе лице в лице на локалните избори. Ние од една и тој со албанските партии од друга страна. Очигледно тој се плаши“, рече Села.

23.07.2021 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега