Сериозен пожар попладнево кај Слупчане
Сериозен пожар попладнево избувнал кај Слупчане, а опожарени се трева и грмушки.
Според информациите на ЦУК, пожарот во липковско е на линија Слупчане – Ваксинце во насока кон Алашевце. Линијата на огнот е подолга од 300 метри.
Во близина на пожарот има борова шума и се прават напори да се спречи ширење во таа насока.
04.08.2023 - 20:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа