Шегата скапо ја чинела: Вака гласел вицот за Тито поради кој 22-годишната новинарка завршила на Голи оток

За Јосип Броз Тито се пишувале многу песни, а една од најпознатите, Друже Тито љубичице бела, ја чинела младата новинарка Жени Лебл две и пол години робија на Голи оток каде што завршила кога имала само 22 години.

Во тао време за Жени, Белграѓанка со еврејско потекло не се знаело многу, ниту пак смеело да се пишува за страшниот период кој што го поминала на Голи оток.

Еден од текстовите за неа напишан во 2013-та година го објавил „Политико“, весникот во кој што таа работела додека не го напуштила поради вицот за Јосип Броз Тито кој што еден ден го раскажала во редакцијата.

„Еднаш колегата ѝ раскажа виц како Југославија победила на меѓународен натпревар во цвеќиња затоа што одгледала љубичица од 100 килограми, алудирајќи на песната за „Друже Тито љубичице бела, тебе те сака цела младина“. Затоа што го прераскажа во редакцијата, жената беше уапсена поради говор против Тито.

Ја однесоа во затвор, потоа во логорот Римска војна, па во Забел, Гргур и на крај на Голи оток“.

По распадот на Југославија, Жени објавила книга која што ја нарекла „Љубичица бела“, а која што во Израел каде што живеела до нејзината смрт во 2009-та година станала бестселер. Во неа таа го раскажала морничавото искуство од логорот, а многу од тоа никој не знаел, дека таа воопшто била таму.

„Само жедните знаат да ја ценат водата. Бевме опкружени со море, а жедни до лудило“.

„Девојките се претворени во старици, им паѓаа забите, заболуваа додека им пристигнуваа вести дека децата се откажале од нив, мајките и сопрузите затоа што станале народни херои“, пишува таа.

20.10.2021 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа