Шилегов: „Фраерот” што возеше по вело патеката идентификуван и казнет од страна на МВР

На апликацијата ТикТок вчера се појави ново видео на кое се гледа како возач на автомобил во Скопје, немајќи трпение да чека во колоната возила, се префрла со автомобилот на велосипедската патека и ги поминува останатите возила што чекаат во ред.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов соопшти дека на возачот му била изречена 20 евра парична казна, а возилото му било привремено одземено.

„Тик ток „фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено ...“, напиша Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2020 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега