Шилегов: Не може улицата да се вика „Јордан Мијалков“, таа е „Железничка“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју во Дневникот на Сител за предлозите за нови имиња на улиците во градот рече дека сега се создава регистар и од него ќе се извлечат имињата на некои улици кои треба да се променат.

-Она што го работиме ние сега е зголемување на регистарот на имиња на улици во Град Скопје. Градот Скопје досега има околу 590 имиња, ние го зголемивме за 570 плус. Значи околу 1150-1160 имиња од кои подоцна се црпат новите имиња. Е сега, градот е традиција, не можете вие на скопјани да им кажете оваа улица е „Аминта“, таа била „Ленинова“ од ’45-та наваму. Не може да се вика „Јордан Мијалков“, таа е „Железничка“, појаснува Шилегов.

Вели дека градските власти мора да се прилагодат на навиките на граѓаните кога носат вакви одлуки.

Шилегов појаснува дека ова е процес што траел една година каде граѓаните можеле да достават свои предлози за имиња на улиците.

-Сите предлози на граѓаните беа внесени и се дел од овој регистар. Комисијата утре заседава и дефинитивно ќе го оформи (ставот) заради некои реакции што ги имаше, рече Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега