Шилегов: Првата фаза од БРТ ќе почне да се гради околу Нова година

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во денешното гостување на Сител рече дека очекува околу Нова година да почнат градежните работи за првата фаза од проектот БРТ (Бас рапид транзит).

Доколку сѐ се одвива според планот, првата фаза од Ново Лисиче до Ѓорче Петров треба да заврши во 2023 година.

Вели дека втората фаза очекува да биде завршена во 2024-2025, но ќе биде многу покомплексна поради сериозни интервенции во инфраструктурата.

– Изработена е целокупното идејно решение и е дадено на експертите на ЕБРД. Очекувам за еден месец да дадат позитивно мислење и тоа да биде основата за да ја спроведеме тендерската постапка. До крајот на јуни би требало да го распишеме тендерот за имплементација, а откако ќе помине тендерот, мислам дека околу нова година ќе ги видиме првите градежни работи, рече градоначалникот на Скопје, додавајќи дека ЕБРД го поддржала како најзелен проект меѓу стотина „зелени“ градови во Европа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2021 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега