Што му кажа Хари на Вилијам после погребот: Британски експерти читаа од уните на браќата

 

Експертите за читање усни откриле за што разговарале принцовите Хари и Вилијам додека ја напуштале икапелата Сент Џорџ по погребот на принцот Филип.

Иако на почетокот носеле заштитни маски, во еден момент ги тргнале од лицето, па можело да се забележи како зборуваат. Читачите од усни тврдат дека Хари тогаш му рекол на својот брат дека погребот „бил токму онака како што сакал“, според „Експрес“. Тој мислел на принцот Филип.

Тие тврдат дека Вилијам на тоа одговорил: „Да, беше одлично, нели?“

По завршувањето на службата, браќата направиле кратка прошетка заедно, а потоа, според читачите од усните, Вилијам рекол дека службата е убава, особено музиката.

Инаку, во текот на погребот принцовите Вилијам и Хари одеа покрај ковчегот на нивниот дедо, но одделно. Меѓу нив беше и братучедот Питер Филипс.

Хари во текот на интервјуто со Опра Винфри откри дека не е баш во добри односи со неговиот брат и дека ќе биде потребно време за да се залечи односот. Погребот на нивниот дедо беше првпат да се сретнат откако Хари се повлече од кралските должности, а британските медиуми пишуваат дека браќата веројатно не се виделе ниту во деновите пред погребот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2021 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега