Силно невреме го погоди Белград (ВИДЕО)

 

Силна бура проследена со грмежи околу пладне го погоди Белград. Силното невреме, јавуваат српските медиуми, траело околу половина час.

Дождот кој се истурил врз српската престолнина бил толку силен што била намалена видливоста,  а ветерот и дождот создавале ужасни звуци надополвајќи ја ужасната слика и со ударите на громови.

За кратко време паднало големо количество дожд, па во прашање се доведени последиците од ова невреме, што првенствено се однесува на канализацијата која не може да прими толкаво количество врнежи за кратко време.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2020 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега